403
Премиерот Зоран Заев ги отфрли како неточни информациите дека Владата има какви било проблеми при назначувањето директори во државните институции и нагласи дека се постапува исклучиво по закон и не по принципот по кој функционираше претходната власт, одговорајќи на новинарски прашања по средбата во Стопанската комора на северозападна Македонија.
„Еден дел од работите се случуваат по два месеца зашто рековме дека ќе бидеме различни. Немаме намера да смениме веднаш се во администрацијата. Ќе се променат луѓето кои поднесоа оставки и онаму каде што е тоа стратегиски исправно. Ќе задржиме луѓе кои се професионалци, но притоа мора да ги следиме и законските постапки“, потенцираше Заев.