Македонските позиции за преговорите со Бугарија се изградени низ сеопфатен консултативен процес и работни состаноци во кои Никола Димитров имаше активна и суштинска улога и за кои придонесе со своите ставови, реагира кабинетот на премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата на вицепремиерот задолжен за европски прашања во заминување, Никола Димитров.
-Нашите позиции се целосно на линија на португалскиот предлог кој беше предлог и на словенечкото претседателство, но и целосно во согласност со Резолуцијата усвоена во Собранието на Северна Македонија. Со македонските позиции во овие преговори се согласи и Никола Димитров, впрочем тој имаше сериозен удел во создавањето на тие наши позиции, низ процесот кој го водеше министерот за надворешни работи, Бујар Османи“, се наведува во реакцијата на кабинетот на Заев.
Додаваат дека доколку Димитров е против што било од позициите кои биле заеднички изградени, чесно е заради народот да го каже тоа и да објасни зошто. Во спротивно, велат од кабинетот на Заев, останува само впечатокот дека неговото неучество во идната влада е причина за ваквите неточни и шпекулативни јавни манифестации со цел однапред да се става товар на недоверба во владата.