Заев денеска ќе сведочи за „бомбите“ од масовното нелегално прислушување во УБК

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска треба да се појави во Кривичниот суд каде што е повикан да сведочи за нелегалното масовно прислушување во УБК, односно за случајот „Таргет и Тврдина“.

Заев ќе треба да сведочи за своите сознанија за нелегалното прислушување во УБК, по барање на Обвинителството, односно-бо во детали да објасни како „бомбите“ стигнале во негови раце, и која била улогата на неговиот актуелен советник за безбедност Зоран Верушевски.

На претходното рочиште сведочеше Верушевски, кој целата вина за прислушувањето ја насочи кон екс премиерот Никола Груевски, кој споредн него бил мозокот на нелегалната операција, а ниту еднаш не го спомена името на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков. Груевски не е обвинет во овој случај, туку Мијалков и уште неколкумина поранешни вработени во УБК.

В.В.

Поврзани новости