550
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, во 14 часот, ќе ја „пука“ 27-та бомба од седиштето на партијата. Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил ја најави најновата т.н “бомба 27“.
– Пред доказите и боговите молчат. Нашиов “бог” вицови ќе кажува. #27, пишува Шилегов на Фејсбук.
Заев досега објави прислушувани разговори помеѓу највисоките функционери на власта, кој според него, докажуваат изборни местенки, криминали и злоупотреби на службени функции.