Заев денеска ќе даде исказ пред обвинителството

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во обвинителството за организиран криминал ќе даде исказ за случајот „Пуч“, во кој е еден од осомничените.

Првообвинетиот Зоран Верушевски, поранешен директор на ДБК, пак, пред два дена откако ги разгледа доказите, даваше исказ во обвинителство.

Полициската акција „Пуч“ започна на крајот од јануари оваа година, а Заев се терети за насилство врз највисоките државни органи, односно Заев се товари дека на средби со премиерот Никола Груевски му се заканувал со докази против него.

Поврзани новости