Лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешното рочиште изјави дека Ден Дончев лично му ги дал снимката и документите околу спорната продажба на „Македонска банка“. Заев и го испрашуваше Груевски, кој одговараше во својство на сведок.
Заев пред пет месеци обвини дека премиерот Груевски лично ја продал „Македонска банка“, на српскиот бизнисмен Јовица Стефановски – Нини. Наводно, според тврдењата на СДСМ, при продажбата, премиерот добил 1,5 милиони евра во кеш.
За ваквото обвинување премиерот поднесе тужба против Заев, со која му бара 500.000 евра обештетување.
Лидерот на СДСМ, меѓудругото се интересираше дали Груевски ја слушнал снимката, по што овој потврди, а Заев се интересираше и дали гласот на снимката е на премиерот.
– Одговорот го дадовме во партиското соопштение истиот ден – одговори Груевски.
Премиерот, на прашање на Заев, негираше дека договарал продажба на Македонска банка со Ден Дончев, кој во тоа време бил генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ.