СДСМ не би била СДСМ ако не предводи во промените, порача лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев на митингот во Струмица.
-Даваме шанса на младите, на новата енергија што бухти во нив, кај младите, на желбата и тие на свој авангарден начин да се вградат во сегашноста и иднината. Тешко беше да се донесе одлуката за избор на кандидат за градоначалник на општина Струмица. Одлучивме да дадеме шанса на Костадин Костадинов, дадовме предност на младоста. Повеќе од сигурно е дека на 17 октомври ќе се случи по СДСМ – СДСМ, по Коста – Костадин – порача Заев.
Според него, процесот на давање на шанса на младите е веќе почнат секаде низ државата.
-Костадин веќе ни е близок и добро познат на сите. Го запознавме и како в.д. градоначалник, и како пратеник и како портпарол на СДСМ. Тој е постојано на терен, лесно достапен, приземјен, комуникативен, служи на граѓаните, човек од доверба, чесен, искрен, млад а веќе домаќин…. Костадин е запознаен со проблемите со јасен план и решенија за најдоброто за струмичани и Струмица. Костадин е еднакво близок со сите граѓани, не ги дели луѓето по ниеден основ – порача Заев.