Заев: Дајте заедно да се израдуваме на успехот, зошто постојано да бараме нешто, да мрчиме?!

by fokus

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција уште еднаш дека Македонија има добар заклучок за почеток на преговори за ЕУ, а според него истиот нема да биде подоцна од октомври.

„Значи таму е кажано во октомври. Важно беше да имаме ваков заклучок кој е сериозна гаранција за сите нас. Целосно имаме безусловена порака, по завршување на реформите, начинот на работење на нашата земја. Треба да го искористиме овој период. Да не си играме играчки. Не постои земја против и граѓаните треба да се радуваат на вакви теми“, истакна Заев.

Тој додаде дека ова е заеднички успех на целата држава и нема потреба од дополнителни барања.

„Дајте заедно да се израдуваме на овој заеднички успех. Зошто постојано да бараме нешто, да мрчиме. Многу работиме изминатиот период и имаме Антикорупциска комисија која работи конечно“, истакна Заев.

Поврзани новости