Заев: Да бев на местото на Ременски ќе се повлечев од пратеничката функција и ќе се вратев како херој

by fokus

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека ако тој бил на местото на пратеничката Фросина Ременски ќе се повлечел од позицијата поради истрагата за „Рекет“.

-Да бев на местото на Фросина Ременски ќе се повлечев од пратеничката функција и ќе чекав да го докажам тоа и ќе се вратам на голема врата како херој. Кога некој вака злоупотребил луѓе на секаков начин како што направил Бојан Јовановски, во таков случај се повлекувате и не оставате никаков впечаток заради чистината на образот, рече Заев.

Тој додаде дека тој лично верува дека Ременски нема вина во случајот.

Поврзани новости