686
Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека ако тој бил на местото на пратеничката Фросина Ременски ќе се повлечел од позицијата поради истрагата за „Рекет“.
-Да бев на местото на Фросина Ременски ќе се повлечев од пратеничката функција и ќе чекав да го докажам тоа и ќе се вратам на голема врата како херој. Кога некој вака злоупотребил луѓе на секаков начин како што направил Бојан Јовановски, во таков случај се повлекувате и не оставате никаков впечаток заради чистината на образот, рече Заев.
Тој додаде дека тој лично верува дека Ременски нема вина во случајот.