Заев-Брнз: Билатералните прашања да останат надвор од преговарачката рамка меѓу С. Македонија и ЕУ

by fokus

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска се сретнал со со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Брнз, на која се разговарало за актуелните процеси поврзани со евроинтеграциите за земјава, за стратешката соработка меѓу Република Северна Македонија и САД и за предизвиците во справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

На средбата, како што соопштуваат од Влада, било констатирано дека двете држави посакуваат преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија да започнат до крајот на годинава, како влог во стабилност на регионот и како важен процес за обезбедувањето просперитет за граѓаните.

Според Заев и Брнз, решавањето на билатералните прашања треба да остане надвор од преговарачката рамка меѓу Северна Македонија и ЕУ, а секое противење или оневозможување на овој процес е на директна штета на кохезијата на трансатлантското семејство на народи и спротивно на интересите за стабилност и демократија во регионот.

Амбасадорката на САД Кејт Брнз ги поздравила постапките на Владата за сузбивање на потпалувачкиот говор во јавноста и даде поддршка на напорите да се одржи конструктивниот и отворен дијалог по однос на овие прашања. Премиерот Заев се придружи кон овие ставови и изрази надеж дека примерот на Владата во промоцијата на дијалогот како алатка за решенија ќе го следат сите чинители од земјата и регионот.

Поврзани новости