636
Премиерот Зоран Заев, во рамки на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Словенија, оствари билатерална средба со високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Џозеп Борел.
Како што информираат од Владата, Заев истакнал дека блокадата на оперативниот почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ за Северна Македонија и за Албанија во целиот регион се оценува како сериозно назадување и удар врз довербата во целата ЕУ.
Борел, пак, се согласил дека земјава ги исполнува сите зацртани реформи и дека, како што нагласил, македонските граѓани во целост ја имаат заслужено својата европска перспектива.