Заев: Бизнисмени кои се уценувани се обратија кај мене, го пријавив тоа

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, на денешната прес конференција изјави дека бизнисмени кои не се од Скопје се обратиле кај него дека се уденувани и дека тој го пријавил тоа.

Заев го изјави ова одговарајќи на прашање за истрагата која пред два дена ја отвори јавното обвинителство за изнуда и рекет врз познат бизнисмен.

-Ми се обратиле бизнисмени кои не се од Скопје до мене за оваа работа дека биле уценувани. Се знае како постапува секој граѓанин така и премиерот, го пријавил тоа, доволно кажав, премиерот тоа го пријавил – рече Заев.

Поврзани новости