604
Во Познан Полска каде ке се одржи конференцијата ЕУ –Западен Балкан кон крајот на неделава, премиерот Зоран Заев ќе оствари средба со францускиот премиер Едуард Филип, дознава Канал 5.
Состанокот на кој главен фокус е отворање на пристапните преговори со ЕУ, е на барање на францускиот премиер.
Како што објави Канал 5 на средбата Заев ќе се обид да издејствува поддршка од Франција за датум за преговори.
Во меѓувреме се огласи францускиот претседател, Емануел Макрон. На крајот на денешниот Самит на ЕУ тој изјави дека е категорично против ново проширување сѐ додека не се реформира ЕУ од внатре.