710
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва на митинг во Кочани ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека со државни пари го опремувала своето партиско седиште, за кое рече дека е поголемо од Инфективната клиника.
-Слушнав дека и Мицкоски бил тука, дека кажал неколку збора и заминал. Рекол дека сме газеле по црвени килими и сме седеле на фотелјите, ама на нив седел Груевски, а на истите седел и неговиот советник Мицкоски. Тие не се поразлични од оние во белата палата која е поголема од Инфективната клиника. Со милионски суми државни пари набавувале и за владата, па и за палатата. Истите тие кои блокираат закони, плати, отписи на камати за долговите, клинички центар, се што е во интерес на граѓаните Мицко кочи, рече Заев.