„Барам чист мандат на следните избори и повикувам за СДСМ да гласаат и граѓаните од другите етнички заедници. На 12-ти април излегуваме со очекувањето дека напредокот на државата ќе продолжи и дека никогаш повеќе нема да се врати режимското владеење на ВМРО ДПМНЕ. Нам не ни треба нови кавги со Албанците дома и со соседните држави. НАТО и ЕУ се затворени прашања, односите дома меѓу заедниците исто така, затоа барам мандат за да видат граѓаните каков економист можам да бидам. Сакам судството да го изнесам на прав колосек и затоа ќе го прочистиме, образованието да го направиме конкурентно со профилирани кадри, здравството да има мотивирани лекари, да создаваме современа култура, а не античка, како и да ги зголемиме социјалните трансфери, платите и пензиите“- изјави претседателот на СДСМ во интервјуто за ТВ Клан.
Заев: Барам чист мандат за да покажам каков економист знам да бидам
969
Тој изрази увереност дека е сигурен победник на изборите затоа што граѓаните знаат дека државата оди на правиот пат и дека секоја друга алтернатива ќе значи враќање на државата 25 години назад, а со тоа актуелизирање и на старите проблеми.
„Имавме БДП со минус 1.8 проценти, а сега имаме 3.6 во позитива, или тоа значи дека БДП пораснал за 5.4 отсто. Не водат како држава со најголеми странски инвестиции во југоисточна Европа. Да не заборавиме дека минимланата плата ја зголемивме за 60 отсто и сега е 14.500 денари. Просечната плата е речиси 27.000 и атакуваме кон целта да стигнеме до 30.000 денари. Пензиите ги зголемуваме во континуитет и таквиот тренд ќе продолжи. И сето ова го направивме во преполовен мандат, на почетокот заради формирање на Влада, а сега заради предвремени избори, но сето тоа ни дава храброст и мотив да продолжиме од каде што сме“- зборуваше Заев.
Двете стратешки цели се исполнети на меѓународен план и веднаш се забалежителни резултати во економијата.
претходна вест