442
Премиерот, Зоран Заев, ќе побара лидерска средба со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, со цел, како што рече, да се убрзаат процесите во пресрет на референдумот за името кој треба да се одржи оваа есен.
-Имам информација дека шефот на опозицицијата Христјиан Мицкоски ќе патува во четврток попладне, денеска ќе имаме консултации за лидерска средба која најверојатно ќе се одржи в среда за да ги убрзаме процесите во престојниот референдум – изјави денеска Заев на заедничката прес конференција со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.