393
Ако почне расправата за илјадниците амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за законот за јазиците ќе бидат потребни најмалку 6 месеци за да се завршат сите. Овие амандмани се поднесени за неуставноста и ако се има малку разум ќе се даде можност за законот да се усвои, изјави премиерот Зоран Заев по двочасовната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Владата.
-Не смееме да дозволиме Македонија да биде блокирана во следните 6 месеци кои се важни за евроинтеграциите. Тоа значи дека процесите ќе останат блокирани и по самитот на НАТО во јуни. Апелирам на разумност, рече Заев.