663
Премиерот Зоран Заев денес изјави дека верува дека ситуацијата во Црна Гора ќе се смири, додавајќи дека е загрижен за секоја ретроградна ситуација што се случува во регионот.
„Балканот навистина не е темпирана бомба или барел барут, Балканот се промени. Балканот има многу европски вредности, тој е напреднат. Верувам дека ситуацијата во Црна Гора ќе се смири затоа што треба да размислат однапред и да гарантираат добра иднина за сите луѓе на Западен Балкан“, рече Заев.