Премиерот Зоран Заев денеска апелираше до сите оние кои имаат критики кон францускиот амбасадор Кристијан Тимоние да не го навредуваат.
-Вакви критики и настапи се непотребни. Испраќам порака на укажување за сите кои имаат критички и навредлив настап кон претставникот на Република Франција во Северна Македонија, а тоа е амбасадорот Тимоние. Тој работи како пријател на нашта земја да ги укаже сите свои детали. Понекогаш не им е лесно на амбасадорите да ги доловат правците од министерството за надворешни работи каде се вработени, и од претседателот на државата, од премиерот, министрите и слично. Ние треба да работиме преку укажување на Франција да ја провери својата одлука, оти јасно ни кажа дека сега не е до нас, туку дека е до нив, порача Заев.