406
Ја зголемивме минималната плата, а таа отвори спирала на покачување на платите во Македонија. Со тоа, сега просечната плата е 24.548, а претходно беше 22,889. Дојдовме до просечна плата од 400 евра. Ова денеска на прес-конференција го истакна премиерот Зоран Заев.
– Ако треба железни опинци ќе облечам, ама 500 евра просечна плата во Македонија ќе има, рече Заев во Велес.
Од денеска Владата на Македонија започнува со реализација на серија трибини.