Заев: Ако треба да седнам со Мицкоски за Законот за Јавно обвинителство, ќе седнам!

by Fokus

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во изјава од денешниот хуманитарен базар порача дека би седнал да разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Законот за Јавно обвинителство ако работните групи на двете партии ги доближат ставовите.

„Нашите работни групи работат на изборниот законик и верувам дека и тоа ќе го завршиме. Ова е важна работа за државата. СЈО нема веќе, предметите се осигурани од државниот обвинител. Треба да се донесе овој закон, ако не пред изборите, тогаш после нив. Ако треба јас и Мицкоски да зеднеме, ќе седнеме. Верувам дека ќе најдеме решение“, истакна Заев.

 

Поврзани новости