730
Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во вестите на телевизија Сител рече дека ќе се направи анализа за тоа за колку пари може да се продаде Мерцедесот кој го набави владата на Никола Груевски. Доколку не се исплати, тогаш нема да се продава.
-Ние сега откако завршија сите судски процеси треба да направиме вештачење, да видиме колку пари ќе се понудат. Ако се покаже дека не вреди да се продава, тогаш нема да го продаваме. Ќе остане за странски делегации. Јас дефинитнвно нема да се качам во него, но за делегациите врши работа, рече Заев.