436
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска гостуваше во емисијата Дебата на сајтот НОВА ТВ, во која зборуваше и за состојбата во Пензискиот фонд, односно за финансиската дупка.
-Состојбата во ПИОМ е катастрофална. Но, пари има за да се реши овој проблем. Тоа се нови работни места кои ќе генерираат финансиски средства и тоа ќе овозможи да с е полнат и двата Фондови. Вистински работни места и тоа во приватниот сектор. Доколку беа успешни инвестициите на Владата немаше да го има ова, рече Заев.
Лидерот на опзицијата вечерва на НОВА одговараше на прашања на граѓаните, како и на корисниците на Твитер и Фејсбук.