Заев: Ако ги имавме овие „бомби“ за Милошоски, ќе ги објавевме како влијание врз судството

by Фокус

Лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев ги отфрли обвинувањата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милишоски дека тој стои зад објавувањето на неколку прислушувани разговори, според кои Милошоски се интересира за одлука на Врховниот суд поврзана со неговиот татко. Како што истакна денеска Заев, доколку ги поседувал овие „бомби“, ќе ги објавел во рамки на проектот „Вистината за Македонија“ како доказ за директно влијание врз судството.

-Дефинитивно ние ја завршивме нашата обврска и при крајот на 2016 година ги предадовме сите материјали во СЈО. Објавивме пакет од 35 „бомби“ и кога постигнавме договор за пржинска влада застанавме, материјалите ги спакувавме на хард-дискови и текстуално и ги предадовме. Да не заборавиме кој прислушуваше и дека ние добивме само еден дел од материјалите, односно добивме околу 30 отсто од создадените материјали – рече тој, повикувајќи ги институциите да истражат кој незаконски објавува вакви материјали.

 

Поврзани новости