Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција, ги повикаа партиите да излезат на избори наесен, а како можен датум го предложи 6-ти ноември.
Опозицискиот лидер порача дека избори во 2018-та година се невозможни, бидејќи како што рече, оваа криминална власт мора што поскоро да си оди.
– Може да сонуваат за избори во 2018 година. Ова не го направивме за да владеат. Што мислат, да постигнеме договор, па до 2022 година да останат на власт? Ова е криминална банда и треба час поскоро да замине од власта во Република Македонија. Ние немаме против да одиме на локални избори, но зошто граѓаните и Македонија да губат некои дополнителни шест или седум месеци? Ајде, есенва да излеземе на избори! Јавно ги кажувам нашите услови поради тоа што тоа се минимум услови што произлегуваат од Договорот од Пржино” – порача Заев.
Лидерот на СДСМ го повика и претседателот Ѓорге Иванов да си поднесе оставка на 26 септември, за да може да се организираат избори во ноември.