113
Поранешниот премиер Зоран Заев, актуелниот премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ – Али Ахмети денеска се сретнале во Скопје, потврдија од СДСМ за “Фокус”.
Според информациите, тие имале заеднички ручек кој траел четири часа и на средбата дискутирале за европскиот фронт и претседателските и парламентарните избори кои ќе се одржат годинава.
Работниот ручек поминал во конструктивна и позитивна атмосфера, но без детали за другите теми за кои се дискутирало.
Инаку, слична средба со работен ручек Заев и Ахмети, се одржа пред една година во Струмица.