Заедно со кучето Нова, сопругата на Сунак за прв пат се појави во јавност

by fokus

Новиот британски премиер Риши Сунак денес имаше прво јавно појавување заедно со сопругата Акшата Мурти, откако е на функција, а друштво им правеше и нивниот лабрадор Нова.

Во чест на ветераните, тие се приклучија на акцијата –Цвеќе од афион за сеќавање на воениот персонал кој загинал во војна, која ја организира Кралската Британска легија, добротворна организација која обезбедува финансиска, социјална и емоционална поддршка на ветераните на британските вооружени сили, како и на нивните семејства.

Со купување на вештачки цвет од афион, се донира за потребите на организацијата, а премиерот купи цветови за себе, сопругата, но и за миленикот Нова.

Како што претходно објавија британските медиуми, ќерките на Сунак биле воодушевени од кучето на нивниот сосед, поранешниот премиер Борис Џонсон, па со месеци го убедувале татко им да им купи миленик.

Нова ја добиле минатото лето, кога имала само неколку недели. Тогаш Сунак објави фотографии од новиот миленик и на Инстаграм напиша – Запознајте ја Нова.

Доби голема поддршка од љубителите на животни и здруженијата за заштита на животните, но и критики од дел од јавноста, која сметаше дека во време на светска криза, Сунак треба да има поважни работи од покажување на новиот миленик.

Вики Клинчарова

Поврзани новости