„Заедно до крај“ – ова се сопружниците пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица

by Fokus

Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи.

Тешка е ситуацијата во неколку градови на Босна и Херцеговина, но убедливо најтешка е во Јабланица. Потресните сведоштва на луѓето кои ги загубија домовите и своите најблиски, најмногу доаѓаат од овој мал град во Босна и Херцеговина.

Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ, чии тела прегрнати ги пронашле спасувачите под урнатините во Јабланица.

Спасувачките тимови и локалната заедница каде што живееле биле длабоко потресени од оваа вест поради трагедијата и примерот за тоа како љубовта е најсилната емоција што човек може да ја почувствува.

Тие останале еден со друг до крај, но за жал не можеле да се извлечат. Биле познати во нивната заедница како топли и грижливи луѓе, а нивната љубов и поврзаност послужија како инспирација за многу луѓе.

Поврзани новости