На 4 февруари Бугарија и Северна Македонија подготвуваат заедничко чествување на Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање, најави бугарскиот премиер Кирил Петков во Народното собрание.
Петков додаде дека премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски една седмица е премиер и од овие осум дена, четири дена поминал со бугарската Влада и изразил желба да дека сака да има резултати со прашањето со Бугарија.
Петков денеска на барање на партијата ГЕРБ одговара на прашања за средбите со премиерот Ковачевски.
Петков рече дека македонските министри кои престојувале во Бугарија биле во голем број и постигнале голем напредок во повеќето теми од разговорите со нивните бугарски колеги.
На заедничката средба беа потпишани три меморандуми, во многу клучни области, меѓу кои и Коридорот 8, којшто според бугарскиот премиер Кирил Петков е тргнат од листата на европски проекти и доколку двете земји сакаат повторно да го воведат на агендата на ЕУ, тоа ќе се случи со заедничка работа, рече Петков.
Тој рече дека додека траеле разговорите за економијата и инфраструктурата, двете страни разговарале и за теми кои се важни за Бугарија – правата на Бугарите во Република Северна Македонија и рамковната позиција.