Заеднички концерти на ученици со посебни образовни потреби и Фолклорниот ансамбл ,,Тиквеш” во Кавадарци

by fokus

Денес со почеток од 18.00 и 19.30 часот, ќе се оддржи финалето на повеќемесечниот проект “Фатени за раце го менуваме светот!“, проект во кој се вклучени учениците со посебни образовни потреби од ОУ „Страшо Пинџур“ во Кавадарци и членовите на Фолклорниот ансамбл ,,Тиквеш“, соработка која започна минатата година со организирање фолклорни работилници.

Финалето е заеднички концерти – Новогодишни спектакли на учениците со посебни образовни потреби од ОУ „Страшо Пинџур“ во Кавадарци и членовите на Фолклорниот ансамбл ,,Тиквеш“, во кои дел од учениците ќе настапат како членови на ансамблот и како членови на оркестарот.

Гости на концертите со свој настап се членовите на Студио за танц ,,Старс” Кавадарци.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, а концертот е дел од ,,Кавадаречка културна есен 2021“.

Влезниците по цена од 100 денари ќе бидат во продажба на билетарницата на Домот на културата два часа пред почетокот на концертите.

Концертите ќе се одвиваат според сите предвидени протоколи за COVID – 19: Влезот е можен само со Сертификат за примена вакцина и задолжително носење заштитни маски. Бројот на присутна публика е 50 % од предвидениот простор.
Поради пандемијата, концертите започнуваат точно во предвидениот час, информираат организаторите.

Вики Клинчарова

Поврзани новости