Ние, претставниците на албанските политички партии во Македонија: “Демократската Унија за Интеграција, ”Коалицијата Преродба со БЕСА” и ”Алијансата за Албанците”;
Почитувајќи ја слободната и демократска волја на албанските гласачи изразена на предвремените парламентарни избори во Република Македонија, на 11 декември;
Во духот на Охридскиот Договор, на консензуалната демократија и потребата за исполнување на нормативните обврски кои произлегуваат од уставните измени;
Реафирмирајќи ги заедничките програмски и стратешки определби на албанците и сите граѓани на Република Македонија;
Посветени за просперитет и долгорочна стабилност на Македонија;
Предводени од заедничката посветеност за мир, стабилност, безбедност, меѓуетнички соживот, во духот на еднаквоста и достоинството, во согласност со европските и меѓународните конвенции, верска хармонија и соработка во земјата и регионот;
Определени, без друга алтернатива, за интеграција во НАТО и во Европската Унија;
Се согласуваме за взаемна поддршка на заедничката политичка агенда која предвидува реализација на следните цели, во идниот владин мандат и/или во секој понатамошен мандат;
1. Постигнување на целосна рамноправност во согласност со Охридскиот Договор и Уставот
* Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде Албанците се сметаат како државотворна нација, поддржување на секаква правна и уставна иницијатива која ja зајакнува националната рамноправност за албанското население.
* Постигнување на целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик во сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека “македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”.
* Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.
* Усвојување на Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956.
2. Постигнување на економска рамноправност и на општествената благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој
* Создавање на нов механизам, во форма на една Државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините.
* Создавање на едно Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и поттикнување на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја.
* Остварување на правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата.
* Остварување на правична застапеност во сите нивоа на централната власт како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции.
3.Зајакнување на владеењето на правото, како предуслов за напредок на евро-атлантскиот интегративен процес
* Спроведувањето на реформите во согласност со Договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската Комисија, како и Препораките од Пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.
* Поддршка за непристрасно вршење на работата на Специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди.
* Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како “Сопот”, “Бродец”, “Монструм” и “Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.
4.Создавање на дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата
* Преземање на афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и локално ниво.
* Создавање на една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и предавачи.
5. Решавање на спорот со името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право
* Усвојување заедничка и обврзувачка Резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името.
* Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција.
6. Добри односи со соседите
* Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија.
* Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.
* Отворање на нови гранични премини.
7. Брза интеграција во НАТО и во Европската Унија
* Исполнувањето на горенаведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија.
Исполнувањето на овие цели ќе се следи преку организирање Тркалезна маса на албанските парламентарни партии.
Тркалезната маса на албанските парламентарни партии ќе се одвива во согласност со принципот на ротација и ќе служи како платформа за усогласување на политичкото дејствување и транспарентна комуникација со меѓународните партнери на Македонија, особено барајќи ја поддршката на Европската Унија и меѓународните институции.
Тркалезната маса ќе ги определи роковите за спроведување на горенаведените цели, во согласност со законите и Уставот на Република Македонија.