477
Света патријаршиската и синодална света литургија меѓу Вселенската патријаршија и МПЦ-ОА се одвива во соборниот храм на Вселенската патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул. Со неа чиноначалствуваат вселенскиот патријарх г. Вартоломеј и поглаварот на МПЦ-ОА г.Стефан.
На литургијата присуствува и владина делегација која ја предводи премиерот Димитар Ковачевски а во неа се министрите за надворешни работи Бујар Османи, за одбрана Славјанка Петровска и за внатрешни работи Оливер Спасовски. Предвидено е членовите на владината делегација да бидат примени од вселенскиот патријарх Вартоломеј, а покрај тоа тој ќе има и одвоена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски.