430
Жителите на Неготино, Кавадарци и Росоман задолжително да ја превриваат водата за пиење. Поради обилните врнежи од дожд во изминативе денови, водата за пиење од водоводниот систем Лукар е заматена.
Од Центарот за јавно здравје Кавадарци информираат дека ќе бидат земени мостри од водата, и ќе се извршат анализи за биолошка и хемиска исправност, а резултатите ќе бидат познати во понеделник. До тогаш се препорачува задолжително превривање на водата.