Задолжителна вакцинација на вработените во приватниот и јавниот сектор во САД

by fokus

Во САД од денеска е во сила наредбата на претседателот Џозеф Бајден, согласно која десетици милиони луѓе во компаниите со 100 или повеќе вработени мора да се вакцинираат против коронавирус или да се тестираат еднаш неделно.

Службата за безбедност и здравје при работа соопшти дека компаниите кои нема да го почитуваат новото правило се соочуваат со казна од речиси 14.000 долари по човек.

Наредбата се однесува на околу 84 милиони работници во средни и големи компании, а сè уште не е познато колку вработени веќе се вакцинирани.

За околу 17 милиони вработени во старечки домови, болници и други установи кои добиваат пари од здравствениот фонд ќе важат уште построги правила според кои нема да се врши тестирање, туку сите ќе мора да бидат вакцинирани. Вработените ќе можат да бараат исклучок поради здравствени или верски причини.

Поврзани новости