759
Реномираниот руски научник, Андреј Ботиков, е пронајден мртов во неговиот стан во четвртокот, со траги од каиш на вратот. Рускиот истражен комитет уапси 29-годишен маж под сомнение дека го извршил делото.
Ботиков е еден од 18 научници кој работеше на развој на вакцината Спутник V против коронавирус. Работеше како истражувач во Националниот центар за епидемиологија и микробиологија на Русија. За својата работа и за развојот на вакцината, во 2021 беше нагреден со орденот на заслуги.
Осомничениот Алексеј З. ја признал вината за убиството. Од рускиот истражен комитет соопштија дека двајцата мажи биле во кавга околу пари. Руските медиуми пишуваат дека осомничениот претходно поминал 10 години во затвор поради давање сексуалени услуги.