Зад затворени врати се решава за суспензијата на Русковска

by fokus

Зад затворени врати денеска се разгледува жалбата на суспендираната обвинителката Вилма Русковска, во Советот на јавните обвинители.

Седницата е тајна бидејќи ќе се разгледуваат информации од предистражна постапка кои се тајни.

Обвинителката Вилма Русковска, минатата недела поднесе жалба за одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Со жалбата, како што појасни Русковска, таа ги побива наводите во решението и „ова го смета за суспензија на правото и суспендирање на правдата“.

Републичкиот јавен обвинител, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава од Арафат Муареми за претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција.

Поврзани новости