Грчките медиуми пишуваат дека е уапсен грчки државјанин кој се сомничи за вмешаност во убиството на навивачот на АЕК, Михалис Кацурис кој беше убиен во август годинава, за време на нередите во Атина меѓу навивачите на Динамо Загреб и АЕК.
Информациите се дека е уапсен сопственикот на ножот кој е пронајден на местото каде што е убиеннесреќниот Кацурис – навивач кој од порано ѝ е познат на полицијата и учествувал и во други нереди. Сега има доволно докази тој да заврши во истражен затвор.
Извесен А.Д. веќе осудуван за нередите во градот Волос во 2017 година, кога на стадионот „Пантхесал“ беа повредени најмалку 15 луѓе. Потоа А.Д. бил осуден на 1 година затвор.
По убиството на Кацурис, А.Д. дал исказ во полиција во кој потврдува дека бил дел од навивачите на АЕК, дека бил во близина на Михалис и дека имал нож, но го изгубил за време на нередите.
На снимките од безбедносните камери се гледа како осомничениот А.Д. во неколку ситуации трча покрај Михалис Кацурис, дури и се „судираат“ додека бегаат.
Притвореникот не бил сигурен дали ножот му паднал пред да дојде во контакт со Михалис или потоа.
Двајцата, според исказот, се познавале повеќе од 10 години и биле пријатели.