Тетовскиот градоначалник Биљал Касами денеска правеше промоција по завршеното асфалтирање на улица „108“ во Тетово, а зад него повторно се најде албанско знаме и знаме со карта на „голема Албанија“. Касами вели дека граѓаните го поставиле како одговор, како што рече, на провокации на власта.
„Општина Тетово се занимава со тоа што е обврска на општината, а тоа е да инвестира во патната инфраструктура и подобрување на животот на граѓаните. Другиот дел е акција и реакција. Акцијата на Владата и политичките партии на власт кои ги диригираат правните институции и пуштија пријави за мене и за општината во делот за тоа што најмалку би требало да се впуштат. Реакцијата на целиот државен врв и сите политички партии во Владата беше во правец на тоа дека јас треба да одговарам и за жал многу брзо правните институции, полицијата, Обвинителство и судовите преземаа мерки. Доколку оваа правна државна беа така агилни и во други ситуации каде изгоре луѓе, каде изгинаа луѓе, каде се луѓе по затвори во монтирани случаи, како што се неколку во државата секако дека не би имале време да се занимаваат со вакви ситуации. Јас сум цврсто убеден дека тоа е случај политичка порака до мене и до сите кои мислат дека спротивно на оваа Влада дека ако работат спротивни на нивните партиски интереси и нивните личните интереси, ќе можат да ја имаат мојата судбина. Но веќе не само јас туку сите граѓани не се плашат од ваквите уцени, луѓето веќе се убедени дека мора да има промени на централна власт за да имаат можност да им се подобрат условите како што ние работиме во Тетово“ – изјави Касами.
На новинарско прашање дали ќе влијае врз соживотот во Тетово, поставувањето на знаме со карта на „голема Албанија, Касами повторно со одговор дека тоа е реакција на граѓаните во односот што власта го има кон нив.
„Ова нема врска со општината со нашата организација, а тоа што има врска со нас тоа е промовирање на овој пат како што немаше врска воопшто и поканата за мене и општината во делот на организацијата на настанот во Тетово. Сите знаеме, дека протоколите кои беа во рамките на зградата на општината и градот, беа извадени знамињата согласно законите – и државното и на Република Косово и на националното и на општина Тетово. Порака до власта да не се занимаваат со луѓето со граѓаните да не ги провоцираат зошто ќе имаат соодветен одговор“ одговори Касами.