Забрчанец: ЗНАМ е приврзок на ДПМНЕ, со тоа СДСМ се ослободува од голем товар

by Fokus

Запрашан за став за партијата ЗНАМ, Марјан Забрчанец во интервју за Слободен Печат истакна дека формирањето и дејствувањето на тој блок може да се гледа и како ослободување на СДСМ од одреден товар.

„Погледнете што се случува, ви излегува ЗНАМ, се откинува од партијата и оди на спротивната страна, односно е сојузник со она што е сосема обратно од она што е социјалдемократска идеологија. Мене ако ме прашате тоа расцепкување можеби во овој момент и му одговара на СДСМ, можеби е добро тоа што ЗНАМ е сојузник со ВМРО-ДПМНЕ и е приврзок на ВМРО-ДПМНЕ во власт каде ВМРО-ДПМНЕ и без тоа има мнозинство, мислам дека СДСМ е ослободување од еден товар, товат што се коси со се што е социјалдемократска база“ посочи тој.

Ако постојат уште такви товари, додава Забрчанец, можеби е подобро СДСМ поскоро да се ослободи од тие товари за поскоро да почне да биде носител на еден нов процес на обединување на се што е демократско.

Мислам дека времето до локалните избори е прекратко за големи промени, за радикални реструктурирања и заздравувања и во СДСМ и генерално во демократскиот блок, оцени досегашниот национален координатор во Владата.

„Погледот треба да биде за две до три години од денес. Се разбира дека сериозна пресвртна точка можат да бидат локалните избори, но меѓутоа јавноста не треба да очекува големи радикални промени до локални избори. До локални избори има нешто повеќе од една година, а СДСМ допрва треба да избере свое ново раководство“ посочи тој.

Забрчанец смета дека кој и да биде иден лидер на СДСМ, тој треба да работи на создавање сојуз на демократските и прогресивните сили во државата.

„За тоа е потребно е време, тоа време до локалните избори не е доволно и кој и да биде избран за лидер таму, ќе има тешка задача и ќе мора да покаже отвореност, како што претходно било покажувано со цел да стигнеме до моментот на почеток на едно ново обединување“ заклучи Забрчанец.

Поврзани новости