Забрчанец: Тројца фоторепортери реагираа бурно со напад дека „сме се изживувале”, сега се договоривме да бараме решенија за подобри локации

by fokus

Не е точно дека на фотографите и снимателите им било забрането да ја проследат лидерската средба. На сите претставници на медиумите им е овозможен пристап и за фотографирање и за снимање, сала за работа и сите неопходни услови. Повеќе од 20 сниматели и повеќе од 10 фотографи се внатре и непречено работат, напиша на својот фејсбук профил советникот за односи со јавност во Владата Марјан Забрчанец.

Откако на неколку фоторепортери денеска не им беше дозволено да ги фотографираат лидерите на политичките партии како влегуваат во Клубот на пратениците, Забрчанец во статусот наведува дека „на самиот влез, безбедносните служби проценија дека просторот кај влезот треба да се ослободи“.

Додава и дека тројца фотографии одбиле да се упатат во зградата каде што биле сите останати претставници на медиумите.

– Реагираа бурно со напад дека „сме се изживувале”, на што јас одговорив дека станува збор за безбедносна проценка, а не за мој личен став и дека ние не се изжувуваме со новинарите како што тоа се случуваше во изминатите 11 години. Само што се видов со фотографите со кои настана проблем, разговаравме и се договоривме дека заеднички ќе бараме решенија за подобри теренски локации за фоторепортерите согласно безбедносните стандарди, пишува Забрчанец на својот фејсбук статус.

Поврзани новости