Забрчанец: Нема друга политика во Северна Македонија која има поголема поддршка од „Отворен Балкан“

by Fokus

Досега се објавени четири анкети од релевантни институции, каде што се покажува дека граѓаните со 70 отсто ја поддржуваат иницијативата „Отворен Балкан“. Имаме речиси национален консензус и нема друга политика во Северна Македонија која има поголема поддршка од „Отворен Балкан“, изјави Марјан Забрчанец, национален координатор за „Отворен Балкан“ во Владата на Македонија на конференцијата „Регионални иницијативи на Западен Балкан – шанси и заблуди“ организиран од Центарот за граѓанско образование од Подгорица во Црна Гора.

Тој додаде дека иницијативата веќе ги дава првите резултати – заемната поддршка и помош во справувањето со природните катастрофи, како и во поедноставувањето на постапките за извоз и увоз на храна и други производи.

Поврзани новости