Марјан Забрчанец, досегашниот раководител на комуникацискиот сектор на владата доби замена и веќе не е на раководна позиција, но сепак останува во владата.
Оттаму денеска преку соопштение информираа дека од денеска одговорна за комуникациите и односите со јавност во владата, на позицијата аекретар за комуникации и јавни политики во рамки на Канцеларијата на претседателот на владата, ќе биде Ана Андреева.
-Ана Андреева има долгогодишно професионално искуство на извршни менаџерски позиции во сферата на комуникациите во маркетинг агенциите и во граѓанскиот сектор, соопштуваат од владата.
На прашање на Фокус, дали Забрчанец сам ја напуштил раководната позиција или е сменет, тој вели дека заеднички со премиерот, Димитар Ковачевски дошле до таа одлука.
-Забрчанец го раководеше овој сектор од август до денес, а владата му се заблагодари за неговиот труд и ангажман и соопшти дека сега ќе биде ангажиран во Владата за менаџирање процеси и проекти посветени на унапредување на регионалната соработка на Северна Македонија.
Забрчанец добива замена, откако од премиерската функција си замина Зоран Заев, а на негово место дојде Димитар Ковачевски.