Министерството за земјоделство денеска целосного забрани движењето во шумите.
Забраната доаѓа откако беа подметнати повеќе пожари на разни локации во земјата и започнува да важи од денеска и ќе трае се до нејзиното отповикување.
Министерот Љупчо Николовски кој денеска го посети опожарениоттерен во скопското село Моране, истакна дека опожареното дрво не смее да се става во промет.
„Имаме пожарникари на терен, вработени во државни институции и се работи да се локализираат сите пожари. Сите ангажирани лица даваат сè од себе за брзо и ефикасно гасење на пожарите, кои за дел од нив постои сомнеж дека се намерно подметнати“, рече Николовски.
Вo земјава активни се неколку пожари а во нивно гаснење се вклучија и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.