Градскиот совет на Мелбурн гласаше за забрана на изнајмените електрични тротинети во централната деловна област.
Како што истакнаа, овие тротинети претставуваат неприфатлив ризик за јавната безбедност и се поврзани со асоцијално однесување.
Собранието им даде на операторите Лајм, со поддршка на Uber Technologies Inc. и Neuron Mobility со седиште во Сингапур, 30 дена да ги отстранат тротинетите од центарот на градот, завршувајќи ги договорите шест месеци пред да истечат, објавија локалните медиуми, објави Блумберг.
Во Мелбурн, од февруари 2022 година трае тестирањето за употреба на електрични тротинети.
Безбедноста на граѓаните на Мелбурн е постојано загрозена од возачи кои прават погрешни работи – возат по ленти, пијат, возат без заштитни кациги, се вели во соопштението на градоначалникот на Мелбурн, Николас Рис.
Посочи дека електричните тротинети се оставаат на пешачки патеки, паркови и на јавни места, поради што постои опасност во сообраќајот.
Зголемената популарност на е-скутерите како форма на градски превоз се рефлектира во поврзаното зголемување на повредите и приемите во болница, главно меѓу младите мажи, според студијата на Универзитетот во Нов Јужен Велс објавена претходно оваа година.
Минатата година Париз стана првата европска престолнина која забрани изнајмување електрични тротинети по референдумот на кој над 90 отсто од луѓето гласаа за забраната.