Во употреба остануваат пластичните ќеси за носење текстил, книги, канцелариски материјал, техничка стока, лекови и помошни медицински производи, садови за домаќинство, сите видови на обувки, детски играчки, спортска опрема и слична стока, како и ќесите за отпад.
Забраната за употреба на пластични ќеси и оксо-биоразградливи ќеси за носење стоки место од јуни оваа година, ќе стартува на први јуни следната година.
Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека со направените измени на правилникот за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, место на први јуни годинава, абрана за употреба на ќеси што не ги задоволуваат стандардите пропишани со овој правилник целосно ќе биде имплементринаод 1 јуни 2024 година.
Од први јуни следната година целосно се забранува продавањето на пластични ќеси и оксо-биоразградливи ќеси за носење на стоки кои моментално ги плаќаме по 15 денари во продавниците. Оваа обврска за трговците е утврдена со Закон за управување со пакување и отпад од пакување од 2021 година.
Тоа значи дека од 1 јули следната година задолжително ќе биде да се пласираат ќеси кои се изработени од материјал кој може да се разгради како и секој органски материјал од вода, јаглерод диоксид и биомаса.
Од овој датум престанува употребата на оксо-биоразградливи ќеси кои беа задолжителни од 2013 година.
Ќеси за носење на стоки се ќеси над 15 микрони наменети за носење на производи и стоки за лична потрошувачка кои се набавуваат во продавници, магацини, складови, деловни простори, зелени пазари и посебни пазари каде што се врши трговија на мало.
Во употреба остануваат пластичните ќеси за носење текстил, книги, канцелариски материјал, техничка стока, лекови и помошни медицински производи, садови за домаќинство, сите видови на обувки, детски играчки, спортска опрема и слична стока. Ќесите за ѓубре не претставуваат ќеси за носење на стоки и не се опфатени со овие мерки.