Европската комисија денес предложи продолжување на ограничувањето за патување во Европската унија до 15 јуни.
Земјите во ЕУ во средината на март усвоија ограничувања за државјаните кои не се членови на ЕУ, за да се спречи ширењето на Ковид-19, по што забраната ја продолжија и во април.
Сега Европската комисија предлага надворешната граница да се затвори уште месец дена, затоа што ситуацијата и понатаму е чувствителна и во Европа и во светот.
Сепак, ЕУ планира постепено укинување на мерките преземени заради коронавирусот, па отворањето на надворешните граници за граѓаните кои не се државјани на членките на ЕУ ќе биде последна фаза на ублажување на мерките.
Моментално, во ЕУ можат да патуваат само здравствени работници и истражувачи од земјите кои не се членки на ЕУ.