Забрана за товарни возила на неколку патни правци во државата

by Fokus

На повеќе патни правци низ државата во моментов има активни забрани за движење на товарни возила поради влажни коловози и тоа – Дебар-Маврово, Охрид-Кичево (Пресека), Кичево-Гостивар (Стража), Тетово-Попова Шапка и Битола-Ресен (Ѓавато).

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони како на делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Поради сообраќајна несреќа, во прекин беше и сообраќајот на патот Охрид-Ресен, а од 17:35 часот се одвива наизменично во една коловозна лента.

Поврзани новости