Забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси на неколку патни правци

by Fokus

АКТИВНИ ЗАБРАНИ:

Планински премини Стража, Маврово, Ѓавато и Плетвар;

Патен правец Струмица – Берово;

патен правец А2 Струга – ГП Ќафасан;

с . Рогачево до ГП Јажинце;

На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за автобуси додека за другите возила е задолжителна зимска опрема (синџири);

УПОТРЕБА ЗА ЗИМСКА ОПРЕМА: Задолжителна е зимска опрема за сите возила на патниот правец кон граничен премин Делчево.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15.11.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024 година.

Поврзани новости