Забрана за собири на повеќе од 10 лица, затворени клубови се дел од новите мерки во Германија

by Fokus

Мерките против пандемијата на Ковид-19 договорени на 21 декември, а кои имаат за цел да ги ограничат контактите со цел да се спречи ширењето на омикронската варијанта на корона вирусот, ќе стапат на сила на целата територија на Германија од денеска. Овие мерки стапуваат на сила во неколку сојузни покраини, а другите провинции веќе ги спроведоа овие мерки во претходните неколку денови, пренесува Хина.

Од денеска во целата држава важи правилото за собирање најмногу десет лица, не сметајќи ги децата до 14 години. Ова правило важи без разлика дали се вакцинирани или невакцинирани.

Доколку меѓу овие лица има невакцинирани, тогаш важи правилото дека собраните лица можат да бидат од едно домаќинство, а најмногу две лица кои припаѓаат на друго домаќинство.

Од денеска затворени се и сите клубови и дискотеки со исклучок на сојузните покраини Берлин и Хамбург. Клубовите може да работат, но танцувањето е забрането. Наместо тоа, дозволени се културни настани како изложби или литературни собири.

Од вторник се одржуваат спортски настани пред празни трибини. Собири на отворено се дозволени за најмногу 200 лица само со примена на дозвола за пристап на вакцинираните или оние кои ја преживеале короната. Истото важи и за културните настани како кина или театри.

Поврзани новости